„Гугл“ стартува нова функција „Гугл Мапс“, која ќе овозможи чат со компании и институции, пишува „Врџ“.

Откако новата функција ќе биде пуштена во употреба, кај корисниците на иОС и Андроид ќе се појави ново копче за испраќање пораки, кое ќе овозможи комуникација со различни организации, што може да се најдат во апликацијата.

Компаниите, кои сакаат да се вклучат, ќе треба да го користат системот „Мај Бизнис“ на „Гугл“ за да можат да ја употребуваат апликација за испраќање и примање пораки. Апликацијата неодамна била надградена за подобро да му служи на бизнисот.

Интеграцијата на бизнис-разговори во „Гугл Мапс“ од една страна може да не им се допадна на потрошувачите, бидејќи мапите почнуваат да се оптоваруваат со нови функции.

Од друга страна, тоа може да биде корисен потег за компаниите, бидејќи може подобро да се поврзат со корпорациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 19:00