Едни од најголемите компании во мобилната индустрија, „Самсунг“ и „Куалком“, кои исто така се партнери во развојот на новата генерација процесори за паметни телефони, ќе ја продолжат соработката и во 2019 година, кога ќе почнат да испорачуваат сензори за отпечаток вграден на дисплеите.

Овие компоненти ќе бидат користени во следната генерација смартфони од средната класа и брендот „Галакси“, информира „Дигитајмс“

Така „Самсунг“ ќе им овозможат на повеќе корисници да ги искористат можностите на биометриската технологија, која допрва ќе се користи во уредите со Андроид.

Извори од мобилната индустрија тврдат дека „Куалком“ веќе добил нарачки за ултразвучни сензори за отпечаток, а испораките ќе почнат кон крајот на годината и ќе се зголемат значително во почетокот на 2019-та. „Самсунг“ ќе ги користи и во премиум моделите, вклучувајќи го и „Галакси С10“.

Одлуката на корејскиот гигант за масовно користење сензори за отпечаток вградени во екранот, најверојатно значи дека „Самсунг“ ќе престане да ги употребуваат скенерите за ирисот на очите.

„Куалком“ ќе биде партнер и со водечките производители на „TФT“ дисплеи, за да се забрза промоција на технологијата на пазарот. Компанијата исто така ќе го користи својот центар за вештачки интелект во Тајван, заедно со фабриката за ултразвучни сензори во Калифорнија, за да ја намали производната цена на новата генерација сензори.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 19:07