Вкупниот промет на индустријата во септември бележи пораст од 14,7 отсто во однос на септември минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Пораст има кај Капиталните производи за 27,3 отсто, Интермедијарните производи, освен енергија за 10,1 отсто, Tрајните производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Во однос на август годинава, вкупниот промет на индустријата е зголемен за 16,4 отсто, додека за периодот јануари-септември за 12,4 отсто во споредба со истиот период лани.

На домашниот пазар прометот на индустријата во периодот јануари-септември кај прометот на индустријата на домашниот пазар има пораст од 1,3 отсто, а на странските пазари за 15,4 отсто.

Во однос на август, прометот на индустријата на домашниот пазар бележи намалување за 1,8 отсто, а на странските пазари за 23,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 09:56