Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2018 година во однос на истиот период лани е зголемено за 15 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, друго обло дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огрeвното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови и друго обло дрво од иглолисни видови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 10:03