На седницата на Комитетот за проширување во Советот на ЕУ, претставниците на Хрватска изнеле серија забелешки на сметка на Србија, објави весникот „Вечерње новости“.

Весникот тврди дека хрватските претставници имале забелешки на соработката во областа на воените злосторства, говорот на омраза, како и на слободата на изразување. Забелешки имале и претставниците на Бугарија и тоа на неодамна одржаните избори за совети на национални малцинства.

Критика била упатена и од балтичките земји, како и од Полска, кои побарале поголемо усогласување на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Претсевниците на тие земји изразиле загриженост и поради влијанието кое Русија го има во Србија.

Исатовремено, Европската комисија на земјите-членки им проследила „нон-пејпер“ за напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24 (правосудство и владеење на правото). Во него се наведува дека Србија генерално оствариле одреден напредок во законодавните и институционални реформи во земјата, вклучувајќи ги прашањата за малцинствата, азил и борбата против перење пари, но дека доцни во постигнувањето видливи резултати во одредени области, како што се реформа на правосудството, медиумски слободи и борба против корупција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 10:57