Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид. На кампот ќе учествуваат фудбалери на возраст од 7-17 години. Пријавувањето може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA .
Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на „кралскиот клуб“ сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.
Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за пет суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа. Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот, велат организаторите на кампот – агенцијата КМГ Спорт. Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија “Спорт Арена” првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје.