Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) ќе биде организатор на меѓународен квалификациски турнир (прва фаза) Група 4, за обезбедување пласман за бараж натпревари за СП Јапонија 2019.
Светското првенство во сениорска женска конкуренција ќе се одржи во Јапонија кон крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година.
Во група 4, противници на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија се репрезентациите на Азербејџан, Исланд и Турција.
Првопласираната репрезентација од квалификациската група ќе обезбеди учество во бараж натпреварите (втора фаза) кои ќе се играат во јуни 2019 година, како и втората најдобро рангирана селекција од сите четири групи.
Квалификациските деули ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е слободен,соопштија од РФМ.
Распоред на натпревари:
30 ноември 2018 (петок) Македонија – Азербејџан (18.00 часот) Турција – Исланд (20.00 часот)
01 декември 2018 (сабота) Исланд – Македонија (18.00 часот) Азербејџан – Турција (20.00 часот)
02 декември 2018 (недела) Исланд – Азербејџан (18.00 часот) Турција – Македонија (20.00 часот).