Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава, информираат денеска од општина Карпош.
Оттаму велат дека нема простор за паника, бидеќи, како што посочуваат кај ниту еден друг ученик не се појавиле симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, општината направила редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден, додаваат од општина Карпош, ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.
– Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена, велат од општина Карпош.
Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општината и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.
Од општина Карпош информираат дека редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник.