Еквадорскиот фудбалер Aнтонио Валенсија го негираше тврдењето на Жозе Мурињо дека повредата е причина поради која тој не игра во последно време за Манчестер Јунајтед.

Според Еквадорецот, одлуката на менаџерот е повеќе од „тактички гледна точка“.

Искусниот фудбалер пропушти 17 натпревари минатата сезона, а во оваа не играше веќе на 12 средби.

– Валенсија е повреден и не може да тренира со тимот. Тој работи напорно во салата, но без топка и не со тимот. Се уште не е подготвен, изјави Мурињо за состојбата на својот капитен.

Но, според Валенсија, работите не се такви како што тврди Мурињо.

– Отсекогаш сум имал добри односи со Мурињо. Во моментов не играм, но тоа е тактичко решение. Играчот на моето место се справува добро и јас треба да ја почитувам одлуката на менаџерот. Она што можам да го направам е да продолжам да тренирам за да сум на располагање, кога тимот има потреба од мене. Мирен сум и знам дека мојата шанса ќе дојде, изјави тој за „Ареа Депортива“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 17:01