Новиот менаџер на Фулам, Италијанецот Клаудио Раниери на своите играчи им вети дека ќе ги чести во „Мекдоналдс“, по секој натпревар на кој тимот нема да прими гол.

Во 2016 година, Раниери имаше сличен начин за стимулација и кога го предводеше Лестер, но тогаш тој ги наградуваше своите играчи со по едно парче пица по секој натпревар во кој нема да се затресе мрежата на тимот. „Лисиците“ тогаш запишаа златна страница во својата историја, освојувајќи ја титулата во Премиер Лигата.

Најголем проблем на Фулам во моментот е тоа што тимот исклучително лесно прима голови – во 12 кола во Англија, „котиџерс“ примија 31 гол.

– Што ветувам, ако не дозволиме голови? Пицата не е доволно за секој, подобро да одиме во „Мекдоналдс“, се пошегува Раниери.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 20:39