Албанскиот претседател Илир Мета доцна вечерва ја потпипа уредбата, со која се согласува нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши.

Веста, од претсеателскиот кабинет ја објавија нешто пред 21 часот или нешто повеќе од три часа пред изминувањето на рокот, кој е предвиден со Уставот на Република Албанија.

Мета, претходно денеска, ја потпиша уредбата, со која Сандер Леши го ослободува од армискиот чин бригаден генерал, со што се отвори патот тој да ја потпише уредбата со која Леши може да биде назначен за прв албански полицаец.

Ова е вторпат како премиерот Еди Рама достави предлог за Леши до претседателот Мета.

Првиот пат тој не ја потпиша уредбата со образложение дека министер не може да биде назначено лице кое е во активна армиска служба, по што Леши достави и лично барање до шефот на државата да биде ослободен од обврските во армијата со одземање на чинот бригаден генерал.

Сандер Леши, неколку години наназад беше советник на Рама за безбедносни прашања, а моментно заменик министер за внатрешни работи со надлежности на министер,на која функција го наименува Владата.

Откако Мета се согласи, предлогот треба да биде изгласан во албанскиот Парламент, што ќе биде само формална процедура.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 10:20