Хрватскиот национален тим ќе биде без еден од нејзините играчи Иван Ракитиќ во дуелот со Англија од фудбалската Лигата на нациите.

Ракитиќ,кој е играч од средниот ред, се повреди на средбата на Хрватска против Шпанија, што „коцкестите“ ја добија со 3:2.

Од хрватската репрезентација не прецизираа каква е повредата на 30-годишниот играч, но тој го напуштил кампотт и се врати во својот клуб Барселона.

– Имаме варијанти и без Ракитиќ. Треба да одиме на „Вембли“ и да се забавуваме, изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Натпреварот е клучен за конечниот пласман во групата 4 на Лигата А. Победникот на дуелот ќе заврши на врвот на табелата, а реми би било неповолно и за двата тима, кои ќе завршат на втората и третатата позиција, додека Шпанија би била прва.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 11:54