Селекторот на Холандија, Роналд Куман изрази задоволство од победата на неговата фудбалска репрезентација над Франција со 2:0 во Лигата на нациите, при што во неколку наврати истакна дека го изненадила добрата игра на „лалињата“ против светскиот шампион.

– И пред овој натпревар веќе покажавме дека тешките времиња се зад нас, но не очекував да играме толку добро во сите 90 минути. Не очекував моите фудбалери да ја читаат играта на противникот на толку добар начин и да не му дозволуваат да направат што било. Тие направија огромен чекор во вистинска насока. Одлично играа од самиот почеток. Можевме да постигнеме и повеќе голови, но нивниот голман беше многу силен, изјави Куман.

Тој додаде дека победата ќе им даде дополнителна самодоверба на јоламдските репрезентативци во натпреварите кои следуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 12:32