Владата во Предлог буџетот за наредната година издвои 1,1 милијарди денари за зголемување на вработливоста и поддршка на вработувањата во земјава, информира на денешната прес конференција во Велес министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потенцирјќи дека споредено со 2016 . ова е двојно поголем износ, а во споредба со 2014 година тројно повеќе.

Таа соопшти дека се готови 91 процент од оперативниот план за следната година, на кој заеднички работи тим на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со Агенцијата за вработување, Фондот за иновации, стопанските комори и Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуше, во изминатите денови на заедничка средба во Велес.

– Се обидуваме да креираме план кој ќе може да ја зголеми вработливоста кај граѓаните, а од друга страна и да му помогне на бизнис секторот да има поголема апсорција на оние кои што ќе се подготват да бидат вработени во нивните фирми. Сето тоа затоа што поврзувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е детектирана како најголем проблем во изминатите две години. Како Влада сакаме да го надминеме тоа, и навистина да понудиме она што му е потребно на општеството, со цел поголем економски раст и развој, нагласи Царевска.

Таа појасни дека изминатата година планот бил одличен, а во следната година креираат мерки кои што ќе бидат и иновативни и ќе дадат директно ефект во можноста фирмите да ги апсорбираат тие што тие ги подготвуваат за пазарот на труд.

Министерката Царовска нагласи дека очекуваат добри резултати ,а затоа тоа го прават со заеднички ангажман на сите инволвирани за решавање на проблемот со вработувањето.

Директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска, појасни дека Агенцијата како институција која ги применува мерките за вработување во текот на годинава имала дирекни контакти со невработените и работодавачите со согледување на нивните потреби и барања.

– Црпејќи го искуството од оваа година од терен во делот на предлозите и сугестиите и критиките од невработените и работодавачите на терен , тенденцијата и намерата ни е во 2019 оперативниот план да го приближиме уште повеќе кон нивните барања и потреби. До овој момент реализацијата на оперативниот план е околу 91 процент, што значи дека е висок степенот на реализација, појасни Јавановска.

Таа нагласи дека тука не запираат бидејќи во тек се потпишување на договори, за активните мерки и политики за вработување, се подготвуваат и исплати и очекуваат негова комплетна реализација на активните мерки и во финансискиот и во опфатот на корисници со 100 проценти



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 23:09