Капитенот на „Вардар“, Стојанче Стоилов по поразот од „Барселона“ со 26-34 во Лигата на шампионите синоќа изјави дека каталонците ја искористиле конфузната игра во второто полувреме за да дојдат до убедлива победа.
„ Му честитам на домашниот тим, особено на нивниот голман. Тој ги искористи нашите 10 минти на конфузија. Имавме добро полувреме. Мислевме дека сме на добар пат. Но, во второто полувреме Барселона ја искористи предноста и нашите грешки. Ако сакате да победи и ако сте релаксирани ќе загубите од секого, изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.