Италијанскиот селектор, Роберто Манчини гледа напредок во неговата екипа, и покрај нерешениот резултат 0:0 против Португалија на „Сан Сиро“.

– Во фудбалот реализираните шанси се важен детал. Доминиравме во играта, а потоа го намаливме темпото по 70-тата минута, што беше очекувано – не можевме да играме 90 минути во својата половина од теренот. Ова е чекор напред за нас, во споредба со натпреварот со Полска, бидејќи Португалија е посилен ривал. Целосно го контролиравме текот на играта, изјави Манчини.

„Азурите“ ја продолжија негативната тенденција тимот да игра неубедливо на свој терен. За првпат во својата историја, тие не успеаја да стигнат до победа во шест последователни домашни натпревари, што е нов анти-рекорд за репрезентацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2018 13:18