Португалија ќе биде домаќин на првото издание на финалето на Лигата на нациите, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

Тоа се случи откако европскиот шампион стана првиот тим што се квалификуваше за финалето со ремито 0:0 против Италија. Така, „морнарите“ ја освоија групата 3 во дивизија А, каде што трет е тимот на Полска.

Токму овие три земји изразија желба да бидат домаќини на финалните натпревари, а Португалија го освои ова право со пласман за нив.

Стадионите кои можат да прифатат натпревар се во Порто и Гимараеш, а доделувањето на организацијата ќе биде официјализирано на 3-ти декември, кога има средба на управното тело на евроцентралата.

Финалните дуели на турнирот ќе се одржат помеѓу 5-ти и 9-ти јуни 2019 година, а во нив учество ќе земат четирите победници од групите во дивизија „A“.

По последните натпревари од групната фаза денеска и утре ќе стане јасно кои три екипи ќе се приклучат на домаќинот Португалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2018 14:10