Поради инцидентите меѓу група демонстранти и полицијата пред средно училиште во Солун, каде требало да одржи говор министерот за образование на Грција, Костас Гавроглу, беше откажан настанот што имаше за цел да ги информира граѓаните и учениците за промените за запишување на факултет, јавуваат локалните медиуми.

Според истите информации, како што јави дописничката на МИА од Атина, група од околу 50 лица, членови на ученички и студентски здруженија, родители и професори се обиделе да стигнат до училиштето каде што требало да говори министерот и да му постават прашања на Гавроглу, но биле спречени од полицијата.

Групата не се откажала од намерата и се судрила со полицијата која употребила солзавец и шок бомби. Кусо подоцна, тензиите се смириле, но организаторите решиле да го откажат настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 10:52