Претседателството на Собранието на Косово одлучи да ја закаже за в четврток вонредната седница, на која, на барање на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), ќе се распарава за надворешната политика на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оваа седница требаше да се одржи минатиот петок, но поради отсуство на министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, ЛДК побара одложување на расправата за, како што велат, „скандалите во косовската дипломатија“.

На денешниот состанок на Претседателството, на кој, како што беше соопштено, учествуваa шефовите на сите пратенички групи во Собранието, е одлучено в петок, со почеток во 10 часот да се одржи продолжение на претходно прекинатите седници, а за во 14 часот истиот ден закажана е и нова седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 14:59