Србија е посветена на иднината, но за жал регионот на Западен Балкна се враќа наназад, изјави денеска во Виена српската премиерка Ана Брнабиќ по работниот појадок со австрискиот канцелар Себастијан Курц со премиерите на западнобалканските земји.

Таа нагласи дека ваквата тенденција особено е видлива во последните две недели со одлуката на Приштина за зголемување на давачките за стоките од Србија, со што, според неа, е прекршен договорот ЦЕФТА

– Тоа не е во согласност со ЦЕФТА и претставува јасна дискриминација против се што е српско. Се надеваме дека во иднина ќе можеме да го спроведуваме овој договор, кој ќе ни овозможи да ги продолжиме разговорите за тоа што можеме заедно да постигнеме, истакна српската премиерка.

Брнабиќ му се заблагодари на канцеларот Курц затоа што Австрија го држи проширувањето на ЕУ високо на листата на приоритети и изрази надеж за натамошно отворање на поглавјата од преговорите за членство на Србика, што, според неа, е важен сигнал за српските граѓани.

Таа истакна дека Србија е посветена на европската интеграција, реформите, како и на регионалната соработка, кои се клучни приоритети на Белград и тоа не само поради патот кон ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 15:00