Полицијата во Лондон објави дека обвиненија за сексуален напад од страна на поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Пол Гаскоњ, биле официјално поднесени.

Случајот датира од 20 август, кога 51-годишниот поранешен фудбалер на Њукасл, Тотенхем, Лацио и Ренџерс бил уапсен на станица во Дурам, поради жалба од жена која патувала во истиот воз.

Полицијата го ослободи Гаскоњ веднаш по неговото притворање, додека случајот не беше расчистен, но сега поранешниот англиски репрезентативец ќе треба да се појави пред судот на 11 декември кога е закажан случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 16:00