Раководството на Барселона му постави ултиматум на Усман Дембеле, објави денеска весникот „Спорт“ на својата прва страница.

Од „Камп Ноу“ бараат Французинот да го промени своето однесување ако сака да игра фудбал. Каталонците се подготвени да го лишат од настапи во наредните недели, ако во најбрзо време не почне да се однесува како професионалец.

Ернесто Валверде веќе го санкционираше еднаш, оставајќи го надвор од натпреварувачката група со Бетис (3:4).

Каталонските медиуми веруваат дека следното лето ќе биде клучно за иднината на францускиот талент. Иако тој не е клучна фигура во тимот, за него не недостасуваат заинтересирани. Од Барса се категорични дека понудите за него мора да започнуваат од 100 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 17:20