Напаѓачот Паоло Дибала изрази желба Лионел Меси да се врати во репрезентацијата на Аргентина.

– Ние сакаме тој да се врати и да игра за националниот тим. Тоа значи многу за нас. Лично јас не се чувствувам како симбол на промената во репрезентацијата на Аргентина. Ние сме млади момчиња на кои им треба време да го продолжат развојот. Ни треба поддршка од народот, изјави напаѓачот на Јувентус.

Аргентина го совлада Мексико со 2:0 во последната контролна средба.

Под водство на Скалони, „гаучосите“ имаат три победи, едно реми и еден пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 17:27