Претставници на Клубот на новинари на Бања Лука во Парламентот на Република Српска делеа беџови „Стоп за насилството над новинарите“.

Акцијата е организирана поради зачестените напади врз новинарите во Босна и Херцеговина.

Претставници на Клубот побараа од новиот состав на Парламентот на РС на конститутивната седница да го усвојат измените на Законот за кривична постапка, според кои нападот врз новинар би се третирал како напад врз службено лице.

– Во последните две години на ниво на БиХ евидентиран е еден обид за убиство на новинар, 11 напади и 13 експлицитни смртни закани. Нападот врз новинар не е само физичка закана, туку претставува и закана по демократските вредности и слободата на изразување, изјави претседателот на Клубот на новинари на Бања Луика, Синиша Вукелиќ.

Новинарот на телевизијата БН, Владимир Ковачевиќ, кого се обидоа да го убијат на 26 август, изјави дека „дегутантно е секој пат да се повторуваат истите работи“.

Факт е дека некои од највисоките претставници премолчено ги одобруваат нападите врз новинарите. Се плашам дека сега тие истите треба да не послушаат и да ги усвојат овие измени. Ќе видиме како тоа ќе се одвива, посочи Ковачевиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 18:43