Во изминатиот период до државниот пазарен инспекторат има зголемен број на добиени претставки за измама на потрошувачи преку набавка на најразлични прозиводи и услуги добиени по електронски пат.
„Сакаме да ве известиме дека според актуелните и во сила достапни правни акти за електронска трговија на Република Македонија, овој начин на трговија сеуште не е детално правно опишан а со тоа и нашата функција како државен орган за заштита на потрошувачите во дел од електронската трговија во овој период е ограничен. Државниот пазарен инспекторат во соработка со други сродни институции во наредниот период има за цел да покрене иницијатива за измени и дополнување на ваќе постоечките правни акти од оваа категорија“, велат од ДПИ.
Од Државниот пазарен инспекторат додаваат и дека тие немаат надлежност за регулирање на правата и обврските на понудувачот и потрошувачот кога станува збор за меѓународен пазар.
- Со ова известување сакаме да апелираме до сите потрошувачи, пред да извршат било каква трансaкција или набавка на производ или услуга по електронски пат добро да се информираат за трговецот кој што ја нуди истата, безбедноста на електронската платформа преку која што врши нарачка, како и начинот на кој се врши плаќањето на производот или услугата на истата.
Државниот пазарен инспекторат веќе излезе со известување по однос на актуелните законски акти за овој начин на трговија достапни според правниот систем на Република Македонија, и ограничениот механизам на делување во насока на заштита на потрошувачите како надлежност на нашата институција .
Затоа уште еднаш сакаме да апелираме дека според актуелните и во сила достапни правни акти за електронска трговија на Република Македонија, овој начин на трговија сеуште не е детално правно опишан а со тоа и нашата функција како државен орган за заштита на потрошувачите во дел од електронската трговија во овој период е сеуште ограничен.
Како еднинствен начин за што побезбедно тргување на ваков начин, сакаме да ве информираме за обврските на давателот на услугата (продавач) според член 7 од Закон за електронска трговија на Република Македонија дека продавачот е должен да достави (објави) минимум информации за себе или неговиот правен субјект на електронската платформа каде што ја врши продажбата,додаваат од Државниот пазарен инспекторат