Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара.

Италијанската полиција извести дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот пријател од Индија и негов роднина.

Од засега непознати причини возилото се судрило со автомобил „фиат мултипла“ кој доаѓал од спротивен правец. Сефери починала на местото на несреќата, додека двајца државјани на Индија кои биле повредени во несреќата починале во болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 02:18