Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа пет предлог-одлуки за издавање лиценца за вршење енергетска дејност трговија со електрична енергија, за менување лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала и за издавање привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.

На седницата ќе бидат разгледани Предлог-одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со електрична енергија, на Друштво за градежништво АМ КАИ КОНСТРУКЦИИ ДООЕЛ Скопје, Предлог-одлуката за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „АГРО ГАМА“, на Друштво за производство, трговија и услуги АГРО ГАМА ДОО увоз – извоз Василево, како и предлог-одлуките за издавање на привремени лиценци за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала за ФЕЦ „В и Е”, на Друштво за производство, трговија и услуги В и Е експорт-импорт ДООЕЛ Штип, за ФЕЦ „МК МОДЕНА СОЛАР”, на Модна конфекција МОДЕНА ДООЕЛ Штип, и за ФЕЦ „ПОДГОРКА СОЛАР”, на Друштво со ограничена одговорност за градежништво, трговија и услуги Џемајлоски Мевмед ПОДГОРКА село Подгорци Струга ДООЕЛ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 10:03