Англиската Премиер лига реагираше на изјавата која се појави на „ Football Leaks“ дека Челзи го потпишал Андреас Кристенсен кога имал 15 години, обвинувајќи го клубот за прекршување на правилата.
Наводно, Лондончарите пред седум години се договориле со таткото на фудбалерот, а правилата на Премиер Лигата забрануваат било какво исплаќање на семејствата на млади играчи за трансфер.
– Ако добиеме официјален доказ дека нашите правила се прекршени, тогаш ние ќе го испитаме ова целосно транспарентно, соопштија од Премиер Лигата.
Кристенсен сега има 22 години и се уште нема изборено стандардно место во првиот тим на Челзи.
За „сините“ од Лондон дебитираше во 2013 година, од 2015-2017 беше на позајмица во Борусија Менхенгладбах.