Во десетте месеци од годинава по патиштата низ дебарскиот регион регистрирани се 42 сообраќајни несреќи,за среќа ниту една од нив со трагични последици.

Истиот перод лани биле регистрирани 44 сообраќајни несреќи, при што во една од нив животот го загубило едно лице.

-На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата актвност ги покрива сообраќајната полиција од Полициската станица со општа надлежност-Дебар, се случиле 42 сообраќајни несреќи од кои со потешки последици се 12 при што за среќа нема жртви а повредени се 17 лица, наспрти истот период лани кога е регистрирана една жртва и 36 повредени,- изјави за МИА,Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во извештајниот период забележан е зголемен број сообраќајни прекршоци, дури 3.911 наспроти 511 истиот перод лани.

-Најчести причини за случените сообраќајни несреќи и прекрошоци и понатаму се пречекорување на дозволената брзина, несоодветно управување на возилото според условите и состојбите на патот, возење под дејство на алкохол, непочитување на хоризонталната и вертикална сигнализација и кршење на другите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, посочува Димоски.

Според него во соработка со дебарскиот Совет за безбедност во сообраќајот, предвидуваат низа актвности со кои ќе се влијае во подигнувањето на нивото на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 13:14