Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, смета дека проектот на најголемите фудбалски клубови од Европа наречен Суперлига нема да успее.

Суперлигата нема да се случи. Тоа е само сон. Имаме некои идеи, но се што можам да кажам е дека тоа не е Суперлига. Сите ќе имаат можност да се натпреваруваат во елитата, изјави Чеферин. Тој додава дека целта е да се намали јазот меѓу богатите и другите клубови.

Се случува богатите да стануваат побогати, а ние сакаме да се справиме со овој проблем. Тешко ќе оди процесот да исчезне разликата меѓу клубовите, но барем ќе се обидеме да ја забавиме и намалиме. Словенецот верува дека само преку резултати треба да се добие можност д асе игра во елитата.

Реакцијата на првиот човек на Европската фудбалска асоцијација е само една од многуте кои ги предизвика најавата на проектот 16 врвни европски екипи да играат во затворена Суперлига.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 13:55