Платформата Инстаграм ќе преземе мерки против лажните профили и против корисниците кои вештачки го зголемуваат својот број следачи на оваа социјална мрежа.

– Од денеска ние почнуваме со отстранување на неавтентичните „лајкови“, следења и коментари направени преку апликации „од трета страна“, со цел зголемување на популарноста, се истакнува во соопштението на Инстаграм.

Слична акција претходно имаше и Фејсбук при што беа избришани над 750 милиони лажни профили.

Фејсбук инаку ја поседува платформата Инстаграм.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 13:56