Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.Л.(29) од Нов Дојран поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „проневера во службата“.

Како што соопшти денеска МВР, во периодот од февруари 2014 до ноември 2017 година пријавениот како вршител на должноста директор на Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец – Полин“ од Стар Дојран, од благајната на јавното претпријатие зел аванси во износ од 2.503.000 денари. Тоа го сторил противправно, без основ за исплата, начин и рок на враќање.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 15:32