Грчката крајбрежна служба, во северниот дел на Егејското Море, рано утрово, спаси 34 нелегални мигранти, меѓу кои 13 деца, кои со чамец пловеле кон грчкиот град Александруполи, објавија локалните медиуми од општина Еврос.
Околу пет часот и 30 минути утрово, крајбрежната служба на Грција добила информација за чамец со мигранти и веднаш почнала потрага. Сите мигранти се успешно спасени и одведени на пристаништето во Александруполи, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според изјавите на мигрантите, кои немаат никакви патни документи, поголемиот дел се од Авганистан, а во текот на денот ќе бидат однесени во центар за идентификација на бегалци и мигранти во општина Еврос.