Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се согласи да се врати во италијанскиот гигант Милан, објавија медиумите во Италија.

Триесет и седум годишниот напаѓач се договорил со „росонерите“ за плата од два милиони евра, што ќе ја добие во следните шест месеци. Договорот, исто така, има опција за уште една сезона. Останува само Милан да постигне договор со Л.А. Галакси. Договорот на Швеѓанецот со тимот на САД истекува на 31 декември 2019 година.

Менаџерот на Ибра, Мино Раиола вчера имаше четиричасовна средба со претставници на Милан, а веќе денес стана јасно дека шведскиот ветеран ги прифатил условите на Милан.

Ибрахимовиќ последен пат играше за Лос Анџелес Галакси во МЛС Лигата. Во својата прва сезона во САД, Златан забележа 22 гола и 10 асистенции и беше избран за дебитант број 1 на регуларната сезона во МЛС.

Швеѓанецот веќе го носеше дресот на Милан во периодот од 2010 до 2012 година. Во овие две сезони тој постигна вкупно 56 голови во сите турнири, играјќи во 85 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 16:22