За обид за насилство ќе одговара пред Кривичниот суд во Атина, 39-годишен маж, член на анархистичката група „Рубикон“, кој вчера беше уапсен, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
За апсењето на мажот, соопштение објави и грчката полиција, но без да даде дополнителни информации дека е член на „Рубикон“. Овој податок го објавија грчките медиуми.
Според грчката полиција, како што јави дописничката на МИА од Атина, 39-годишниот во неделата вечерта се јавил во атинската болница и на насилен и заканувачки начин побарал од надлежните, болницата да ја напуштат полицајците задолжени за чување на хоспитализиран странски државјанин кој е еден од уапсените од инцидентите во саботата поради напад врз полицајци.