Припадници на Секторот за вонредни ситуации го локализираа пожарот кој денеска попладне изби во селото Омољица во близина на Панчево, при што нема повредени лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Моментно се работи на доизгаснување на пожарот во магацинот во кој се чуваат сточна храна, гуми и гориво.
На местото на инцидентот се ангажирани 13 пожарникари и пет пожарникарски возила.
Претходно српската државна телевизија РТС објави дека избил голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта, а огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина.