Челзи е подготвен да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Н’Голо Канте, објави „Скај Спортс“.

Сегашниот договор на „сините“ со 27-годишниот Французин е до летото 2021 година.

Челзи не е заинтересиран за продажба на Канте. Тимот од Лондон е подготвен да му понуди на играчот нов долгорочен договор со годишна плата од 17 милиони евра, што ќе биде рекордна во историјата на екипата од „Стемфорд Бриџ“. „Трансфер маркет“ го проценува играчот на 80 милиони евра.

Канте се пресели во Челзи во 2016 година. Со тимот тој ја освои Премиер Лигата и ФА Купот.

Во оваа сезона, Канте одигра 16 натпревари за Челзи, постигна еден гол и има една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 19:02