Македонската фудбалска репрезентација до 19 години оствари победа над Луксембург во квалификациите за ЕП 2019 година со 2-0, но сепак нашите фудбалери останаа без пласман во елитната фаза од квалификациите.
Нашата репрезентација со головите на Талески во 19-тата минута и Фазлагиќ во 80-тата минута оствари очекувана победа на турнирот кој се играше во Чешка.
Во денешното последно коло на „жолто-црвените“ им беше потребна победа против Луксембург, но и пораз на Хрватска во мечот со Чешка.
Домаќинот водеше против Хрватска со 2-1 се до 90-тата минута кога Хрватите изедначија на 2-2 и го освоија второто место на табелата пред нашиот тим.
Чесите со 7 бода го освоија првото место, Хрватска со пет заврши втора, а Македонија со четири бода остана на третото место. Луксембург не успеа да освои бод.