Младите во Албанија се помалку се школуваат, се повеќе емигрираат. Тоа се потврдува со податокот дека во средните училишта во Албанија, оваа учебна година има дури 31.800 ученици помалку,споредено со минатата учебна годна.

Поголем број од учениците емигрирале заедно со семејствата во некоја западно европска земја, а дел од нив намаат интерес за продолжување на школувањето.

– Намалувањето на бројот на ученици во предуниверзитетскиот систем треба да биде алармантно ѕвонче за албанската Влада, бидејќи тоа подоцна ќе услови намалување на бројот на младите луѓе, како и бројот на нешколуваната младина. Решение за оваа појава е подобрување на економските услови на албанските семејства, оценуваат социолозите.

Според нив намалувањето на бројот на учениците во основното и во средното образование е последица на масовната миграција присутна со децении, што како последица донесе и намален наталитет.

Секако дека оваа појава е поврзана со масовната миграција,зашто се поголем број албански граѓани заминуваат за подобар живот, изјави социологот Ентела Бињаку.

Бињаку исто така смета дека треба да се подобри квалитетот на образованието каде учениците ќе сакаат да следат настава и кога ќе завршат да добијат сигурна работа.

Помал број ученици,споредено со учебната 2017/2018 година има и во основото образование. Нивниот број во оваа учебна година е помал за 7,1 отсто или за околу 23 илјади основци.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 10:54