Силен дожд синоќа го погоди Сплит при што пожарникарите интервенирале на дваесетина места за да испумпуваат вода која влегла во приземјата на некои објекти.

Насобраната вода по улиците го отежнала и сообраќајот.

Најкритично било во близина на стадионот Пољуд каде се формирала голема бара во која останале неколку возила. Пожарникарите со брза интервенција помогнале возилата да излезат од водата.

За многу кус рок од половина час во Сплит паднале 30 литри дожд на квадратен метар.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 11:14