Џез-музичарот Тони Китановски денеска напладне ќе одржи предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ во Музејот на Македонија.

Предавањето е насловено „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“ и ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20-от и 21 век.

Како што соопшти Музејот на Македонија, предавањето ќе се темели и врз истражувањата и личните искуства на Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 11:17