Владите на Косово и на Германија денеска во Приштина потпишаа протокол за германска помош во висина од 60 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот министер за финансии Бедри Хамза во таа прилика се заблагодари на Германија, како еден од најголемите донатори за Косово.

– Германија е еден од најголемите донатори во Косово и сега со овој договор се приближивме до сумата од 700 милиони евра. Од овие средства ќе имаат корист енергетскиот сектор, животната средина, образованието и приватните сектори, истакна Хамза.

Шефот на делегацијата на германската Влада Дирк Шатшнајдер нагласи дека неговата земја и во иднина ќе го поддржува Косово.

– Германија понуди 60 милиони евра за оваа и за идната година за проекти кои се однесуваат на јавните сектори, а се одразуваат врз животот на граѓаните. Ние го поддржуваме Косово за да создаде услови за својот народ и за образованието на , изјави Шатшнајдер.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 12:58