Осумаесетгодишниот С.Г. од Скопје вчера нападнал полициски службеник додека бил легитимиран, по што бил приведен во полициската станица во Карпош.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера во 16:40 часот на улица „Скупи“ во Скопје, кога С.Г. додека бил легитимиран нападнал полициски службеник.

-Тој бил приведен во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 15:45