Вкупно 3.900 ликовни творби од седум држави пристигнаа на традиционалната меѓународна изложба за деца и младинци „13 Ноември“, што е отворена во библиотеката „Другарче“ во Кинотека на Македонија.
Ликовните творби се изработени во повеќе ликовни техники, а селектирани и изложени се 400 дела од кои наградени се 170 во четири старосни категории од пет до 25 години.
На изложбата учествуваат градинки, основни училишта, средни и уметнички училишта, уметнички факултети од Македонија и земји учеснички од странство.
Ателје „Бојар“ на изложбата се претстави со своите ученици кои освоија повеќе награди. Лара и Ана Токареви и Марко Милчевски освоија први награда, Јоханес Самец, Анастасија Анѓелеска, Вадимир Антиќ и Михаела Анастасовска освоија втора награда, Вила Лазаревиќ Камчева – трета награда.
Покровител на изложбата е Град Скопје во соработка со Детскиот ликовен центар Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 15 декември годинава.