Љубителите на фитнес вежбите и здравиот живот често се во дилема дали да продолжат со физичка активност кога се настинати.

Општото правило гласи: Доколку настинката се чувствува над вратот (грло, нос), може да се вежба; ако пак, настинката причинува болки во градите, во мускулите, дразнење на стомакот, не треба да се вежба.

Според истражувачи од Универзитетот Бол Стате во американската сојузна држава Индијана, умерени вежби не влијаат на траењето и влошување на настинката. Напротив, 30 до 45 минути пешачење, трчање или возење велосипед дневно, може да го преполови ризикот од дишни инфекции.

Сепак, стручните лица препорачуваат: без претерување и дека телото само ќе сигнализира дали е подготвено или не за тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 19:06