Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска ќе има работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица.

Апостолска ќе биде придружувана од претставник на Фондот за иновации и технолошки развој.

На средбата ќе се претстават владините мерки за поддршка на инвестиции и актуелните повици на Фондот за иновации за поддршка на новооснованите старт-ап и спин-оф компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 11:24