Во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Станува збор за групна изложба која ќе ги претстави делата на 48 автори – членови на ДЛУМ од цела Македонија.

Со по едно дело во мал формат ќе се претстават: Агрон Абдули, Александар Jaнкуловски Цане, Ана Ивановска, Ана Темкова, Ангел Димовски, Ангел Нацевски, Антонио Пирковски, Ацо Таневски, Благоjче Наумовски, Валентина Илиjевска, Вангел Стоjчевски, Весна Радишиќ Ацковска, Гроздан Крстевски, Дејан Иванов -Маргуш, Дијана Томиќ Радеска, Драган Верговски, Душан Георгиевски, Елена Ѓорѓиевска, Емилија Божиновска, Жаклина Глигориевска Кочоска,Златко Бојковски, Златко Глигоров, Златко Хаџи Пецов, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Јовица Миjaлковиќ, Катерина Таневска, Кирил Гегоски, Љупчо Боjaров, Маја Кировска, Мариja Светиева, Марина Цветановска Мартиновска, Мирослав Вељковиќ -Мишо, Наташа Андонова, Петра Јовановска , Предраг Јаневски, Росица Лазеска, Сара Длака, Сашо Ацковски, Симеон Арнаудов – Симе, Слободан Милошески, Срџан Миќиќ, Стефан Димовски, Стефан Хаџи-Николов, Тања Таневска, Филип Фидановски и Шќипе Мехмети.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25 х 25 сантимери е искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, стои во најавата за изложбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 19:11