Оптичка илузија што открива дали сте под стрес, е новиот интернет хит. Се работи за слика составена од мрежа шестаголници и виолетова позадина.

Авторите наведуваат дека, наводно, ако додека ја гледате сликава, таа одредено време мрда и се бранува, тогаш вие сте под стрес. Доколку пак, бранувањето не прекинува, вие сте под голем стрес.

Ако и на прв поглед не гледате никакво бранување, вие сте сосем смирена личност.

Се претпоставува дека автор на овој начин на мерење на стресот е јапонскиот психијатар Јамамото Хашима.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 20:52