Издавачката куќа „Бегемот“ во новата едиција „Атлас“, во која ќе објавува најзначајни дела од светската книжевност, објави превод на романот „Со оган и со меч“ на нобеловецот Хенрик Шенкевич.

-„Со оган и со меч“ е првиот роман од, можеби, најзначајното дело на нобеловецот Хенрик Шенкевич – „Трилогија“, која критиката ја вреднува како опус магнум на овој автор. Романот ги следи случувањата од историјата на Полска за време на козачкото востание на Хмељници (1648–1654) во Украина. Трудејќи се да поттикне патриотски чувства кај читателот, писателот на романот му придодал карактеристики на витешки епос, вовел волшебни елементи и создал силни ликови што го репрезентираат доброто и злото, соопшти издавачот за романот кој на македонски го преведе Филип Димевски, Ликовното уредување е на Наталија Лукомска.​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 21:39