По денешните насилни протести пред албанскот Парламент и вечерашното блокирање на улици, албанскиот претседател Илир Мета побара итно Владата да разговара со жителите од населбата Астир и да се најде решение за проблемот.
-Претседателот со посебно внимание и загриженост ги следи случувањата и го осудува насилството што се манифестираше на протестот пред зградата на парламентот. Апелира до државните институции строго да ги спроведуваат судските постапки и бара итно да воспостави дијалог со жителите засегнати со проектот за изградба на обиколница и да се најде праведно решение, се наведува во соопштението од кабинетот на Мета.
Шефот на државата изразува длабоко жалење за употребата на насилство кое резултираше со многу повредени, на кои им посака побрзо закрепнување.
Од политичките партии побара да покажат поголема внимателност и да повикаат на соработка и дијалог а поттикнувањето на насилство да се изолира.
На протестот пред албанскиот Парламент, на жителите од населбата Астир во Тирана чии домови треба да бидат урнати поради изградбата на нова обиколница, со фрлање тврди предмети и приотехнички средства повредени беа 12 полицски службенци, неколку учесници во протестот а приведени во полиција се 11 демонстранти.
Премиерот Еди Рама, кој при излегувањето од Парламентот беше пречекан со извици „Срам, срам“ и гаѓан со чевли откако од собраниската говорница порача дека сите сопстеници на легализирани објекти ќе бидат обештетени, додека „останатите да не му излегуваат пред очи“.
Жителите од населбата, поддржани и од лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша и опозициски пратеници, вечерва блокираа улици извикувајќи „Долу влада“. Баша го обвини Рама дека го реализра проектот бидејќи „заработува“ 80 милиони евра.
За безбедноста освен големи полициски сили се вклучени и специјалните полициски единици.
Во споменатата населба има над 330 објекти, голем дел од нив, според надлежните, се дивоградби